Ограбена црква во Oхридско: седум икони, сребрен крст и пари

Тешка кражба во црква во Клименштани.

Арамија ја ограбил црквата во селото Клименштани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Тешката кражба се случила во период од 28 февруари до втори март во црквата Свети Климент. Арамијата откако насилно влегол во црквата украл седум икони, сребрен крст и 600 денари, по што избегал.

Се’ уште не е процената вредноста на украдените икони, но јасно е дека тие имаат непроценлива вредност и за верниците и за културното богатство на Македонија.

Во последно време се зачестени кражби во цркви, а според информациите од полицијата најчесто се цркви во села кои народот ги посетува претежно за празниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.