Ограбена црква во струшко

Четири кандила биле украдени во текот на изминативе месеци од црквата „Св. Димитрија“ во село Октиси, струшко.

Сторителот насилно влегол во црквата со кршење на цилиндарот од главната влезна врата извршил пребарување, ги одзел предметите и го напуштил местото на настанот. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.