Ограбена црква во тетовско

Ограбена црква во тетовско. Како што информира МВР, кражбата се случила во периодот помеѓу неделата и вторникот.

Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата  Св. Атанас во село Волковија, тетовско.

Сторителот го искористил тоа што вратата била отклучена и влегол  во црквата, каде со употреба на погоден предмет го искршил катанецот од железната кутија од каде што одзел одредена сума на пари кои биле донирани од страна на верниците, по што го напуштил местото на настанот.

Причинета е материјална штета од околу 4.000 денари. СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителот.