Ограбена црквата Св.Тројца во Битола

На 10/11.10.2014 година во времето од 18,30 до 06,30 часот во Битола на ул.„Никола Тесла“бб, во црквата „Св.Тројца“, НН сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно го отворил прозорецот од каде влегол внатре и по извршено пребарување одзел 37.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.Со тешката кражба причинета е материјална штета од околу 40.000 денари.Се преземаат мерки за пронаоѓање насторителот.