Ограбена црквата Свети Петар и Павле во Пехчево

Ограбена црквата Свети Петар и Павле во Пехчево. Непознат сторител кршејќи ја влезната врата од црквата одзел 250 евра.

За среќа, иконите стари неколку векови и останатите вредни црковни предмети не биле во интерес на разбојникот.

Кражбата ја откриле утрово свештениците, кои дошле на редовната неделна утринска литургија.

Увидот од страна на надлежните истражни органи е во тек .