Ограбена девојка кај „Тифани“

Вчера во 13.30 часот кај зградата „Тифани“ во Скопје, четири засега непознати насилници ја ограбиле 21-годишната Ј.Н.. Тие, според полицијата и се заканиле со нож и од жртвата зеле 800 денари, два мобилни телефони, лична карта и клучеви. Откако избегале девојката побарала помош од полиција.