Ограбена и претепана жена во Аеродром

Вчера, во 17.30 часот во Скопје на булевар 3-та Македонска Бригада бб, поточно на пругата кај преминот од населбата Кисела Вода кон ДСУ„Димитар Влахов, три засега непознати лица (две машки и едно женско лице), извршиле разбојништво над Н.В.(64) од Скопје.

Тие и пришле зад грб, по што женското лице физички ја нападнало удирајќи ја со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а потоа ја турнале на земја, и ја одзеле ташната во која имало два мобилни телефона „Самсунг Мини“ и „Нокиа“, лична карта, очила и околу 1.200 денари, и преку пругата се упатиле кон населбата Кисела Вода.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.