Ограбена католичка црква во струмичко

Kатоличката црква „Успение на Пресвета Богородица“ во село Нова Маала, струмичко вчера била ограбена од засега непознат сторител.

Крадецот ја отворил заклучената врата од јужната страна, ги отворил заклучените дрвени фиоки од просторијата каде се продаваат свеќи и одзел околу 2.000 денари, со што причинил материјална штета од околу 2.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.