Ограбена куќата на Џејми Оливер: Му украле два шпорети!

Ограбена куќата на Џејми Оливер: Му украле два шпорети!
Ограбена куќата на Џејми Оливер: Му украле два шпорети!

Крадци провалија во куќата на познатиот готвач Џејми Оливер. За време на кражбата Џејми и неговото семејство не биле дома.

Џејми неодамна купи куќа вредна 7 милиони фунти во северниот дел од Лондон. Куќата поседува осум спални соби и голема градина.

Џејми вградил неколку безбедносни камери во куќата, но тие не помогнале, бидејќи крадците влегле низ гаражата. Портпаролот на полицијата изјавил дека веднаш тргнале во потрага по крадците, веднаш штом им била пријавена кражбата. Од полицијата потврдиле дека никој не е повреден , бидејќи Оливер и неговото семејство во време на кражбата се наоѓале на селскиот имот во Есек.

Кражбата ја забележал неговиот сосед, кој видел дека вратата е отворена.

Интересно е што од сите работи во куќата, украдени се само два шпорета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.