Крими хроника

Ограбена куќа во Скопје, домаќините олеснети за околу 20.000 евра

Ограбена куќа во Скопје, домаќините олеснети за околу 20.000 евра

На булеварот Партизански одреди, вчера во периодот од 18.20 до 20.40 часот, непознат крадец извршил грабеж во куќата на О.Г.(38).

Од куќата на скопјанецот тој украл 7.000 евра, 2.000 американски долари, 120.000 денари, златен накит, рачни часовници, плеј стејшн, таблет, мобилен телефон, лап топ компјутер, рачни часовници и две женски чанти, со што причинил материјална штета од околу 1,2 милион денари.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за откривање на крадецот.