Ограбена куќа во Тетово, домаќинот останал без злато, лаптоп и пари

На улицата 154 во Тетово, засега непознат сторител насилно влегол во куќата на 40-годишниот И.А. при што по извршено пребарување одзел разновиден златен накит, лаптоп, мобилен телефон и 500 евра.

Крадецот се стекнал со околу 250.000 денари.

Во тек е истрага за пронаоѓање на сторителот.