Ограбена Македонса пошта во Воѓани

Во периодот од 15.00 часот на 05.06. до 07.06.2014 година во с.Воѓани, прилепско во објект на Македонски пошти, непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел околу 19.000 денари.

Имено, сторителот со лостење на заштитната решетка и прозорецот од објектот, влегол внатре, со подесен алат ја отворил вратата од касата од која ги одзел парите и го напуштил лице местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.