Ограбена менувачница во Струмица

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Сторителот со погоден предмет насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и го откорнал сефот кој бил сместен под работното биро и од истиот одзел 3.700 евра, 1.360  американски долари, 1.175 канадски долари, 2.000 австралиски долари, 1.500 англиски фунти, 300 шведски круни, 100 лева, 640.000,00 денари и поголема количина златен накит. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.