Ограбена млада девојка, ја удрил по глава и ја соборил на земја

Ноќеска околу 02.30 часот во Скопје во близина на ул.„Кавалска“ непознат сторител извршил разбојништво врз Е.О. (20) од Скопје.

Сторителот и пришол на оштетената од позади грб и ја удрил со рака во пределот на главата.

Кога истата паднала на земја, сторителот и ја одзел чантата во која имала паричник со лични документи и 70 денари, а потоа избегал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.