Ограбена обложувачница во Скопје

Во спортската обложувачница „Златна Копачка“ на ул.„Лазар Трповски“ во Скопје вчера околу 15.15 часот од страна на две непознати маскирани лица е извршено разбојништво при што од вработените се одземени околу 196 илјади денари.

Според информациите од полицијата, едниот од разбојниците бил вооружен со огнено оружје. По извршувањето на разбојништвото, двете лица заминале во непознат правец.

Од страна на СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.