Ограбена обложувалница „Спорт лајф“

Две маскирани и вооружени лица ја ограбиле спортската обложувалница „Спорт Лајф“ синоќа во 20.35 на улицата Тале Христов во Скопје.

Разбојниците му се заканиле со пиштол на вработениот од кого одзеле околу 47.000 денари, ги ставиле во ранец и избегнале.