Ограбена обложувалница во Куманово

Спортска обложувалница „Вил Хил“ со локација во Куманово вчера била ограбена.

Непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над 24 годишен вработен од Куманово, по што од отворен сеф  одзел кутија со пари.

По ова, вработениот го нападнал и успеал да му го одземе пиштолот, а дел од парите му испаднале во обложувалницата, додека сторителот избегал во непознат правец.

Извршен е увид на местото на настанот, при што е констатирано дека се работи за пластичен пиштол, а при пребројување на парите е утврдено дека недостасувале 4.150 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.