Ограбена обложувалница во Прилеп

Ограбена обложувалница во Прилеп. Вчера околу 22.55 часот во населбата Точила во Прилеп во спортската обложувалница „Евротип“, непознат сторител со закана со огнено оружје извршил разбојништво над вработената при што го одзел дневниот промет.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.