Ограбена обложувалница во Скопје

Засега непозната сума на денари украле вчера двајца вооружени разбојници од филијала на обложувалницата „Златна копачка“ во Скопје.

Според МВР,  габежот се случил околу 17.20 часот на улицата Лазар Трпковски. Вработените пријавиле дека во објектот влегле двајца маскирани разбојници. Едниот бил со пиштол, а вториот со пушка. Откако го впериле оружјето кон нив им наредиле да ги дадат парите од касата, а штом ги зеле двајцата избегале.