Ограбена продавница на „Европа“

Маскирано, засега непознато машко лице, вчера ја ограбило продавница на „Европа“ во склоп на фабриката во Скопје.

Како што соопшти МВР, разбојникот, заканувајќи се со пиштол, успеал да одземе 50.000 денари од дневниот промет при што ја заклучил вработената во тоалетот и избегал во непознат правец.

Случајот е пријавен вчера попладне околу 16:50 часот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.