Ограбена продавница за сребро во Струга

Во периодот од 03 до 04.12.2014 година, во Струга била извршена тешка кражба во продавница за сребрен накит во сопственост на В.А.Р.(24) од Скопје.

Украдени се разновиден сребрен накит и дигитален сеф  во кој имало документи. Извршен е увид, материјалната штета дополнително ќе биде утврдена, а се преземаат мерки за откривање на сторителот.