Ограбена спомен куќата на Гоце Делчев

Спомен куќата на Гоце Делчев, во Битола синоќа била мета на крадци. Пиштоли, пушки, сабји, ножеви главно од Илинденскиот период кои биле изложени во спомен куќата, завршиле како плен на разбојници. Според информациите на полицијата, кражбата се случила во текот на ноќта, со погоден алат било провалено во музејот и биле изнесени бројни експонати и предмети од културно и историско значање за земјава.

Полицијата  работи на расветлување на случајот, објави „Тера“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.