Македонија,Крими хроника

Ограбена спортска обложувалница

Ограбена спортска обложувалница

Маскиран разбојник со закана од пиштол ограбил спортска обложувалница на улицата „Коста Новаковиќ“ во Скопје.

Сторителот одзел околу 70.000 денари по што го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.