Ограбена спортска обложувалница во Скопје

Ограбена спортска обложувалница во Скопје.

Вчера околу 20,40 часот во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ поточно во спортска обложувалница „Д-Слот“, едно непознато маскирано лице  со закана со огнено оружје извршил разбојништво над тројца вработени одземајќи сума на пари од околу 35.000 денари.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.