Ограбена спортска обложувалница во Скопје

Ограбена спортска обложувалница во Скопје. Од обложувалницата се украдени речиси две илјади евра, односно 112.600 денари.

Како што информира МВР, кражбата се случила вчера околу 10,00 часот во Скопје на ул.„Ферит Мурати“ поточно во спортска обложувалница „Златна копачка“.

Непознато маскирано лице  со закана со огнено оружје извршил разбојништво над две вработени одземајќи сума на пари од околу 112.600 денари по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.