Ограбена трафика во Kисела Вода

Две непознати лица го ограбиле табако „Томи“ на улица Народни херои во Кисела Вода. Според МВР утрово околу 2.35 часот во Скопје, се обиделе да влезат во тoбако „Томи“ преку влезната врата која била заклучена.

Откако не успеале да ја отворат насилно го скршиле изложното стакло од каде oдзеле неколку штеки цигари и притоа му упатиле закани на вработениот и му побарале да им ја даде металната каса во која имало пари од дневниот промет. Ја земале касата и со трчање избегале во непознат правец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.