Ограбена викендица во Орешани

Непознат сторител ограбил викендица во село Орешани, во сопственост на  Д.А.(47) од Скопје. Грабежот се случил во периодот од 15  до 17 февруари годинава, а направена е штета од околу 100.000 денари.

Непознатиот сторител успеал да одземе воздушна пушка, електрична пила и друг алат, како и прехранбени производи.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.