Ограбена златара во Струга, едно повредено лице

Вчера околу 18,30 часот во Струга, во златара „Циркон“, три маскирани лица, вооружени со огнено оружје извршиле разбојништво одземајќи разновиден златен накит, при што на излегување испукале неколку куршуми, а потоа се упатиле во непознат правец.

Повредено е лицето Р.К.(42) кој се здобил со повреда од огнено оружје во пределот на ногата, укажана му е лекарска помош во. “Св. Еразмо” Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.