Ограбена златарница во Скопје

Непознати сторители синоќа во 18 часот, извриле разбојништво во златарница во Скопје на булевар Никола Карев, во сопственост на М.Х.(51). Украдена е ташна во која имало околу 500 грама злато.

Имено, сторителите го пресретнале оштетениот физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, му ја одзеле ташната и со возило се одалечиле од местото на настанот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.