Ограбена златарницата „Рубин“

Непознат сторител вооружен со огнено оружје синоќа во 19.15 часот извршил разбојништво во златарницата „Рубин“ на улица „Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје, соопшти МВР.

Сторителот откако влегол во продавницата каде биле две вработени, со оружјето го искршил стаклото од витрината, одзел 16 подебели ланчиња и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.