Ограбени црква и манастир во крушевско

Дваесет и четригодишниот Џ.А. и триесетгодишниот Е.С. од Прилеп добија кривична бидејќи ги ограбиле црквата Свети Ѓорѓи во селото Пресил и манастирот Свети Ѓорѓи во селото Бучин.

Тие украле околу 3.500 денари и други предмети во сопственост на црквите, а при тоа причиниле материјална штета од околу 36.000 денари.