Ограбени две цркви во Чешиново-Облешево

Две цркви се ограбени минатата ноќ во општина Чешиново-Облешево.

И во двата случаи непознат сторител со подесен алат насилно отворил една од вратите во црквите и влегол внатре.

Од црквата “Св. Наум” во село Чифлик од касата украдени се  околу 2.000 денари и еден прстен од бело злато. Од метални каси поставени во црквата “Света Недела” во село Облешево крадецот одзел околу 10.000 денари.

Полицијата превема мерки  за пронаоѓање на сторителот или сторителите.