Ограбени две цркви во гостиварско

Црквата „Св. Ѓорѓија“ во гостиварско Долна Јеловце во четвртокот била ограбена. Истата вечер бил ограбен и манастирот „Св. Илија“.

Од црквата „Св. Ѓорѓија“ одзел 700 денари, а од манастирот биле одземени 400 денари и била причинета материјална штета од околу 2.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.