Ограбени две цркви во Полошко

Непознати сторители во изминатите десетина дена ги ограбиле црквите Света Петка во селото Стенче, Тетовско и Свети Димитрија што се наоѓа пред влезот на гостиварското село Митрови Крсти, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во црквата Света Петка во периодот од 13-ти до 18-ти овој месец сторителите со погоден тврд предмет најпрвин отстраниле фреска со димензии 50 на 50 сантиметри и низ направениот отвор влегле внатре и одзеле 200 денари во разни апоени по што незабележани од никого избегале.

По добиената пријава полицијата изврши увид и работи на утврдување на идентитетот на сторителите и утврдување н вкупната материјална штета, рече Јосифовски.

Вчера, додаде, во СВР Тетово бил пријавен и случај на тешка кражба во црквата Свети Димитрија. Кражбата била извршена во периодот помеѓу 10-ти до 18 септември така што засега непознатите сторители насилно ја отвориле металната влезна врата, причинувајќи и сериозни ошетувања. Потоа без пребарување од фиока на дрвена маса во внатрешноста на црквата одзеле 800 денари и незабележани од никого избегале. Полицијата и тука извршила увид и трага по сторителите, додека вкупната материјална штета се проценува на 18 илјади денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.