Ограбени две цркви во Скопје и скопско

Во текот на изминатите денови ограбени се две цркви во Скопје и во скопско.

Од црква во скопски Аеродрoм украдени 20.000 денари

Од црква во Скопје украдени се 20.000 денари. Вчера во 08,25 часот во полициската станица „Аеродром“, П.Б.(65) од Скопје, пријавил дека ноќта помеѓу петокот и саботата во црквата Св.Ѓорѓија, непознат сторител извршил тешка кражба.

Влезната врата од црквата е насилно отворена, а од шкафчето, кое се користи како каса за собирање на доброволни прилози, одземени се околу 20.000 денари.

Ограбена црква во Горно Коњари

Вчера во 19.00 часот во полициската станица „Гази Баба“, Д.К.(69) село Петровец, пријавил дека во периодот од понеделникот со саботата во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ лоцирана на местото викано„Чукар“ во атарот на село Горно Коњари, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба.

Крадецот насилно делувал на влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел 7.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.

И во давата случаи се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.