четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 30

Ограбени Мароканци кај Демир Капија

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Ограбени Мароканци кај Демир Капија

Ограбени Мароканци кај Демир Капија

Последни вести

Во средата околу 200 часот, во близина на Демир Капија три непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над тројца државјани на Мароко при што им одзеле 900 евра.

Истиот ден околу 13.30 часот во близина на Демир Капија три непознати лица на ист начин ограбиле уште едно двајца државјани на Мароко при што им одзеле 1.750 евра и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Во четвртокот во 18.30 часот во близина на село Прдејци полициски службеници забележале „шкода фелиција“ без регистарски ознаки, управувана од илегален мигрант. Тој не застанал на предупредувањето на полициските службеници. Продолжил со движење и по кратко време во близина на село Смоквица, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Во возилото биле затекнати 13 мигранти, од кои две од Мароко (меѓу кои и лицето кое го управувало возилото) и 11 лица од Иран. Во 22 часот мигрантите се однесени во транзитниот центар во Гевгелија.

Најчитани вести