Македонија,Крими хроника

Ограбени три цркви, арамиите избегале со икони, пари и крст

Ограбени три цркви, арамиите избегале со икони, пари и крст

Пари, икони, крст и бакарни предмети се украдени од две цркви, едната во Ново Село во Ростуше, а другите во битолско Велушина.

Црквите мета на арамии, се крадат свети икони и предмети.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи во периодот од 23 до 26 февруари арамија провалил во црквата Свети Јован во Ново Село во општина Маворово-Ростуше. Арамијата со употреба на погоден предмет ја отворил влезната врата и  украл четири икони, дрвен крст и околу 300 денари.

Во периодот од втори јануари до 24  февруари  ограбени се црквите Света Недела и Света Богородица во битолското село. Непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден предмет влегол во храмовите , при што одзел бакарни предмети, во вредност од околу 17.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.