Ограбено и избодено момче со нож во Скопје

На булеварот Кочо Рацин, околу 1.30 часот по полноќ,  неколку непознати лица го нападнале О.И. (18) од Скопје, при што му одзеле една машка торбица во која имало 3.000 денари, мобилен телефон и друго, а едно од лицата со нож му нанел повреда во пределот на ногата. Повредениот е хоспитализиран во ГОБ „Св. Наум Охридски“ , а освен убодот од нож, О.И се здобил и со  скршеница на долна вилица.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.