Ограбено казино

Двајца разбојници ограбиле казино, вчера во центарот на Скопје.

Според полицијата, разбојништвото се случило околу 23.30 часот на улицата 11 Октомври.

Тогаш во казиното влегле две непознати маскирани лица. Едниот од нив со пиштол им се заканил на вработените, кои му дале околу 125.600 денари од дневниот промет.

Откако ги зеле парите разбојниците избегале. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.