Ограбено казино во Радовиш

казино

Кражбата, како што денеска информира МВР, се случила меѓу неделата и понеделникот во периодот од 23 до 07 часот.

Крадецот со употреба на физичка сила ја отворил влезната врата од казиното, влегол внатре и во една од канцелариите го извадил сефот од каде одзел плик со 30.000 денари и вредносни купони од казиното.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.