Ограбено казино во Скопје

Две маскирани лица синоќа извршиле грабеж во казиното „Слот“ на улицата „11 Октомври“.

Еден од напаѓачите бил вооружен со пиштол, а од казиното биле одземени околу 140 илјади денари.

Од МВР велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.