Ограбено казино

Разбојник со пиштол ограбил казино, утрово во центарот на Скопје, информираше МВР.

Разбојништвото се случило околу 5 часот на булеварот Партизански Одреди.

Маскираниот арамија со оружјето влегол во казиното и и се заканил на вработената.
Таа му дала околу 100.000 денари по што избегал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.