Македонија,Крими хроника

Ограбено лице пред казино, одземени пет илјади денари

Ограбено лице пред казино, одземени пет илјади денари

Утринава во два часот во ПС-Карпош, А.А.(1965), пријавил дека на 06.01.2014 година околу 22,00 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“, во ТЦ „Порта Влае“пред казиното „Адмирал“, од страна на Р.Н. од с.Сарај, извршено му е разбојништво, при што одземени се околу 5.000,00 денари.

Разбојништвото е изврешено на тој начин што, откога претходно и двајцата имале меѓусебна расправија во казиното, излегле надвор да се пресметат, Р.Н со закана со нож, му ги побарал и одзел парите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.