Ограбено возило на паркинг во Скопје

Ограбено возило на паркинг во Скопје
Ограбено возило на паркинг во Скопје

Непознат сторител со употреба на тврд предмет извршил тешка кражба во возило марка „шкода октавија“.

Како што информираат од МВР, возилото сопственост на српскиот државјанин А.Ќ.(37), било паркирано во Скопје на ул.„Филип Втори Македонски“.

Од него се одземени три куфери во кои имало облека и  лаптоп компјутер со што крадецот се стекнал со противправна имотна корист од околу 225.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.