Го ограбиле газдата, а се фалеле дека добиле на бинго

Kривична пријава за тешка кражба заработија три лица од Скопје, од кои едното е малолетно лице на возраст од 16 години. Пријавените го ограбиле газдата за кој работеле, а се фалеле дека добиле на бинго.

Како што информира МВР, станува збор за лицата К.И. (38), Ј.С. (19) и едно малолетно лице на возраст од 16 години.

Осомничените се товарат дека на 15-ти овој месец извршиле тешка кражба во куќата на оштетениот Р.С. (73). Тројцата го ограбиле газдата за кој работеле, а се фалеле дека добиле на бинго.

Го ограбиле газдата, а се фалеле дека добиле на бинго
Го ограбиле газдата, а се фалеле дека добиле на бинго

Р.С. пријавил во полиција дека е извршена кражба во неговата куќа (во рамки на која се наоѓа и вулканизерски сервис и деловни простории сопственот на пријавителот) при што било констатирано дека од гардероберот во спалната соба од страна на непознати сторители биле однесени 17.500 евра во различни апоени.

Констатирано е и дека делото е извршено со употреба на сила и прекачување на сторителите преку прозорецот од кујната пришто без никакво претурање од гардероберот биле пронајдени и одземени посочената сума пари. По ова од страна на полициски службеници на СВР Скопје превземени се оперативни активности и наредниот ден на 16.08. на разговор се повикани четири лица – К.И., Ј.С., малолетното лице и Ј.С. (33) кои биле вработени во вулканизерскиот сервис на оштетениот, а биле на работа од 08 до 16 часот на 15.08 кога се случило кривичното дело, информира МВР.

Од направените разговори и превземените мерки полицијата констатирала дека тројца од врабтените, К.И. Ј.С. и малолетникот по претходен договор, откако првопријавениот дознал каде оштетениот ги чува парите го извршиле кривичното дело.

Така, во времето меѓу 08,30 и 09,30 додека оштетениот не бил во куќата К.И. и Ј.С. чувале стража а малолетниот, со употреба на сила се прекачил од прозорецот на кујната во куќата и се упатил кон спалната соба каде што кваката била заврзана. Откако ја одврзал влегол во спалната соба ги пронашол парите ставени во кеса и откако ги ставил под маицата повторно ја заврзал кваката и излегол надвор од куќата. Парите  17.500 евра или во денарска противредности 1.076.250 денари- ги сокриле до камион ладилник паркиран во дворот и по завршувањето на работното време во 16,00 часот ги земале и се упатиле во домот на второпријавениот каде дел од парите поделиле меѓу себе, а дел од нив, односно 13. 880 евра ги сокриле во близина на неговиот дом, соопштува МВР.

Во разговорот со полицијата тројцата го признале делото, парите, односно 13.880 евра како и уште 800 евра (вкупно 14.680 евра) дадени на лице наводно како частење бидејќи наводно добиле на бинго, се одземени и со потврда вратени на оштетениот.

Остатокот пари 2.820 евра, пријавените ги потрошиле во кафулиња и во коцкарници како и за враќање нивни долгови.