Непознато машко лице вчера извршило разбојништво над двајца вработени во маркетот „Принц“.
Додека вработените ги носеле кесите во кои имало пари од дневниот промет во просторијата во која имало каса, сторителот излегол од просторот кај скалите помеѓу приземјето и првиот кат од објектот и со закана со нож им ги побарал парите, по што истите ги пуштиле кесите, соопштуваат од МВР.
Потоа, сторителот ги зел двете кеси со пари и се упатил кон паркинг просторот од објектот, а другите вработени од маркетот се упатиле по него, по што сторителот ги оставил кесите со пари во близина на маркетот и се оддалечил во непознат правец.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.