Ограбил отпад, направил штета од 800.000 денари

Огромни количества на кабел, цинк, калај и голем број електрични алатки украло непознато лице од отпад во скопската населба Маџари, информира денеска полицијата.

Крадецот го искористил изминатиот викенд за да влезе во отпадот „Метал Суровина“ на улицата Благоја Стефковски и оттаму да изнесе 600 килограми кабел, алтернатори, алансери, трансформатори, монометри и пиштоли за оксиген, брусалка, хилта, околу 100 килограми калај и околу 800 килограми цинк.

Вкупната штета од кражбата се проценува околу 800.000 денари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.