Oграбил продавница во Охрид и ја прегазил сопственичката

Вооружен грабеж во казиното Д-Слот

Скопјанец ограбил продавница во Охрид и ја прегазил сопственичката. Тој заработи кривична пријава, а одредена му е и мерка притвор во траење од триесет дена.

Настанот се случил на седми овој месец, кога пријавениот заедно со уште едно засега непознато женско лице, со подесен алат ги скршиле двата катанци од металната решетка поставена на влезната врата од продавницата лоцирана на улицата „Јане Сандански“ во Охрид.

Тргнал да бега и во паника ја прегазил сопственичката

Скопјанец ограбил продавница во Охрид и ја прегазил сопственичката. Тој заработи кривична пријава, а одредена му е и мерка притвор во траење од триесет дена.
Скопјанец ограбил продавница во Охрид и ја прегазил сопственичката. Тој заработи кривична пријава, а одредена му е и мерка притвор во траење од триесет дена.

Настанот се случил во 03 часот и 30 минути, кога двајцата, со патничко моторно возило марка „Фолксваген-пасат“ со скопски регистарски таблици пристигнале пред продавницата. Тука, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, го употребгиле алатот, насилно влегле во продавницата и од касата одзеле 1500 денари. Потоа од сталажите одзеле разновидни марки цигари и ги ставиле во најлонски црни кеси кои ги имале со себе. За кратко време, кон продавницата се упатила сопственичката која претходно, од граѓанин била известена за кражбата. Забележувајќи ја сопственичката и оставајќи ја најлон кесата, двајцата влегле во патничкото возило сопственост на сега приведеното лице и избегале. При паничен маневар со возилото, сега притворениот со задниот дел од автомобилот ја удрил сопственичката на продавницата нанесувајќи и телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пренесува Охрид Њуз.

Четири дена подоцна, односно на 11-ти овој месец, лицето било приведено во полициска станица во Скопје, а по овластување на Јавен обвинител е повикано во СВР Охрид заради вршење на процес за негово препознавање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.