Ограбиле црква, а само неколку минути подоцна ги удрил гром

Група маскирани луѓе ограбиле црква, но неколку минути подоцна, додека бегале од полицијата на автопатот биле погодени од гром.

Во видеото снимено од друго возило се гледа возилото кое бега од полицијата. Маскираните лица ограбиле црква во Санкт Петерсбург во Русија, но само неколку минути подоцна потрагата по нив била завршена засекогаш.

Крадците го загубиле животот откако возилото со кое се обиделе да побегнат било погодено од гром.