Ограбиле две бензински за пет минути

Двајца разбојници со пиштол ограбиле две бензиски пумпи утрово во скопската населба Кисела Вода, информираше МВР.

Според полицијата, првото разбојништво се случило околу 4.10 часот во бензинска пумпа на булеварот Борис Трајковски. Тогаш две непознати маскирани лица со пиштол им се заканиле на вработените и зеле 2.000 денари од дневниот промет и побегнале.

Двајцата веднаш потоа заминале во соседната бензинска пумпа од каде на идентичен начин украле 12.000 денари од дневниот промет и избегале. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.